Борисов: Почит за погубените 11.000 Евреи од Вардарска и Егејска Македонија
Објавено во: Македонија 11 Март, 2020
Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера ја одбележуваше 77-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи од нацистичките логори, а при тоа на својот профил на Фејсбук ги спомена, како што вели тој, „жртвите од Вардарска и Егејска Македонија“.
„Денес одбележуваме 77 години од спасувањето на близу 50 000 бугарски Евреи од депортација во логорите на смртта. Поклон пред херојството на сите знајни и незнајни Бугари, кои што тогаш прикажале завидна храброст, доблест и хуманизам. Оддаваме почит и за невино погубените животи на повеќе от 11 000 Евреи от Егејска и Вардарска Македонија, како и на жртвите на Холокаустот. Треба да учиме од грешките на минатото и никогаш да не забораваме, дека почитта кон човечките права е задолжителен услов за просперитет“, напиша Борисов.
Изминатиот период се водат полемики за тоа како постапувала бугарската управа со Евреите кои живееле на територијата на денешна Македонија за време на Втората светска војна.