Борисов: Ние сме за единствена Македонија и за членството во НАТО и ЕУ
Објавено во: Македонија, Балкан 20 Јуни, 2017
Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, на средбата денеска во Софија изразија подготвеност историјата да не ги разделува двата народа, туку да ги зближи.
Борисов порача дека Македонија има историска шанса и најави дека ќе разговара со своите колеги во Брисел за пристапот на Балканот во ЕУ.
„Ние сме за единствена Македонија и за членството во НАТО и ЕУ“- рече Борисов.
Двајцата премиери ќе го посетат споменикот на Цар Самоил во Софија.
Како што најави Заев, ќе биде потпишан и договорот за добрососедство. Тој вели дека се доближени ставовите со цел зближување на двата народи. Заев рече дека е среќен затоа што имаме пријател како Бугарија.Борисов вети дека ќе работат и со Грција за решавање на проблемите, затоа што дестабилизацијата на Македонија значи дестабилизација на нивните граници.