Борисов има едно барање - да се прекине со антибугарската реторика
Објавено во: Македонија, Балкан 21 Ноември, 2019
Антибугарската реторика која тие ја користат треба да ја заборават и да сфатат дека е погрешна, вели бугарскиот премиер Бојко Борисов кој во Загреб се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојко Борисов.
„Доколку некој од нив каже дека Бугарија е фашистички окупатор, тогаш нема да добијат помош од нас, затоа што не сме окупатори, а историјата нема да се менува. Никогаш нема да дозволам на Бугарија да и лепат таква етикета“, истакна Борисов за Спутник.
Тој апелираше до Македонија да се откаже од антибугарската реторика, доколку сака да влезе во ЕУ.
Борисов го праша Мицкоски дали ќе го почитува договорот за добрососедство, а тој одговори дека нема дилема за она што е добро за Македонија и Бугарија. Бугарскиот премиер се интересира за оваа тема затоа што вели не се знае кој ќе победи на изборите.
Eкс премиерот Љупчо Георгиевски синоќа во интервју за Тв 24 изјави дека му е жал што Бугарија не го цени она што македонската власт го прави, за да ги подобри од односите.