Бугарскиот премиер Бојко Борисов вечерва ја сподели преработката на песната „Бела чао“ од Драган Спасов – Дац и Александар Митевски - „Корона чао“. На видеото с егледа како Борисов се вози со неговиот автомобил, ја слуша песната и е видно расположен.
Во објаснувањето на постот напишал:
„Само со заеднички напори, борбеност и дисциплина ќе се справиме со коронавирусот. Им благодарам на сите бугарски државјани кои ги почитуваат правилата. Само така ќе се вратиме на нашите нормални живот. Благодарност и до Дац и Александар. Северна Македонија може да смета на нашата поддршка“, напиша бугарскиот премиер на својот профил на Фејсбук