18 Мај, 2024
0.0277

Борисов: Ако не го потпишеме договорот со Македонија, што ќе потпишуваме во иднина?

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Ако не го потпишеме Договорот за добрососедство со Македонија, не знам што друго би можеле да потпишеме во иднина. Ова го изјави премиерот Бојко Борисов за време на јавна дискусија меѓу Бугарија и САД по димензиите на евроатланската солидарност во бугарското претседателство на ЕУ и новите изгледи пред бугарско-американските сојузнички односи.

„Договорот за добрососедство со Македонија е исклучително важен. Треба да ги оставиме историчарите да се расправаат. И на мене не ми е пријатно да ги слушам на многу теми. Убеден сум дека и бугарската политичка класа ќе не поддржи. Тоа зависи и од политичката класа во Македонија овој договор да тргне. Ако него не можеме да го потпишеме, тогаш што би можеле во иднина да потпишеме. Интересот на Бугарија е да ја поддржи Македонија да влезе во Атланскиот пакт. Да се ​​надеваме дека и колегите разбираат какви се и опасностите, ако сето тоа не се случува во иднина. Односите со Русија строго ни се прагматични. Имаме стратешки интерес Бугарија да биде разновидна. Според мене е многу погрешно, ако дозволиме Бугарија да стане само клиент“, коментира Борисов, цитиран од бугарските медиуми.

За средбите во Дубровник и т.н. берлински процес за Западен Балкан, тој посочи дека за радост сите се убедени дека Балканот треба да бидат стабилизиран.

„Ако не ја сфаќаме и не сакаме да ја погледнеме вистината во очи, Балканот повторно ќе е најтешкиот и нестабилен регион од цела Европа. Убеден сум дека со овој берлински процес, со претстојното претседателство можеме да направиме доста за пристапувањето“, рече уште Бојко Борисов.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?