БОМБА ОД НЕБО: Бомбардиер дели илјадници откази и го продава првенчето
Објавено во: Свет 09 Ноември, 2018
Канадскиот произведувач на авиони Бомбардиер најви дека ќе укине дури 5 000 работни места.
Компанијата соопштила дека е принудена на овој потег за да ги намали трошоците.
Бомбардиер додал дека отказите ќе бидат поделени во наредните 12 до 18 месеци и дека на тој начин компанијата ќе заштеди околу 250 милиони долари годишно. Сега имаат 70 000 вработени ширум светот.
Намалувањето на бројот на работни места ќе ги погодат пред се инженерите и раководители на компании. Освен откази, компанијата планира и продажба на некои сектори кои ги окарактеризирала како „непрофитни“.
Исто така, Бомбариер планира да ја продаде својата мајка „Хевиленд“ за околу 300 милиони долари. Инаку „Havilland Comet“ бил првиот комерцијален авион.