Болниците им се преполни, пациентите ги лечат на паркинзи
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Јули, 2021 16:09
Болниците во Тајланд се преполни, нема доволно кревети, а пациентите ги лечат на паркинзи.
Поради влошувањето на состојбата, лекарите мора да враќаат сериозно болни, пишува „Гардијан“. Тајланд доби пофалби за успешната реакција на епидемијата лани, кога имаше најмал број на случаи во светот, но гневот кај јавноста расте поради бавната кампања за вакцинација. За околу четири месеци од почетокот на новиот бран починатите во земјата се зголемија од 100 на 4.146. Само денеска пријавени се 14.150 нови заразени и 118 починати.
Владата е критикувана што не воведе полициски час пред неколку месеци. На 12 јули се воведени разни ограничувања во областите со висок ризик, како што е главниот град Бангкок. Околу 5 проценти од тајландското население е целосно вакцинирано, а 17 проценти примиле една доза.
Во понеделникот, стотици академици и медиумски работници издадоа заедничко соопштение во кое повикуваат на поголема транспарентност во врска со договорите за вакцини, вклучувајќи детали за тоа кој и кога примил вакцина.
Изјавата дојде откако во јавноста протече писмо од „Астразенека“, во кое се вели дека ќе се доставуваат 6 милиони дози вакцини на Тајланд, што не е во согласност со изјавата на владата дека треба да добие 10 милиони дози.
Претходно, светот го обиколија фотографии од Индија, каде луѓето умираа по улиците и пред болниците.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи
(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена





