Добивај вести на Viber
Која е најдобро платената жена извршен директор во САД? Според USA TODAY базирајки се на податоци од S & P Capital IQ и Bespoke Investment Group, Мариса Мајер ја предводи листата.
Шефот на Yahoo е на седмата позиција меѓу сите извршни директори, мажи и жени, а целата сума, која ја добива како плата, изнесува 42,1 милиони долари. Сафра Еида Кац од Oracle е на второ место меѓу жените со плата од 37,7 милиони долари, а првите три места се дополнуваат со извршниот директор на Lockheed Martin Мерилин Хјусон. Нејзината годишна плата е во износ од 33,7 милиони долари.
Во првите десет на листата влегуваат и Индра Нуји, извршен директор на PepsiCo, Ајриш Розенфелд од Mondelez и Маргарет Витман од HP. Неверојатно е дека платата на Мариса Мајер е два пати повисока од износот што го добива Вирџинија Ромеро од IBM, која го завзема десеттото место.
Времињата веќе не се исти за жените извршни директори, а всушност во просек во моментов тие заработуваат повеќе од мажите на иста позиција. Во последната фискална година жените на чело на компании дел од S & P 500 заработиле 18,8 милиони долари, што е значително повеќе од износот од 12,7 милиони долари, исплатени на мажите, кои се на истите раководни позиции.
К.К