Боки 13 останува во Шутка, Јанева во домашен притвор
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2020
Бојан Јовановски - Боки 13 останува во притворот во истражниот затвор Шутка, а Катица Јанева во домашен притвор. Двајцата денеска добија осудителни пресуди во случајот „Рекет“. Јовановски доби 9 години затворска казна, а поранешната јавна обвинителка Јанева беше осудена на седум години затвор. Во казните им се засметува и времето кое го поминаа во притвор.
По изрекувањето на пресудите обвинителката Влма Русковска побара на Боки 13 да му биде продолжен притворот до правосилност на пресудата поради можноста од бегство, додека за јанева побара куќниот притвор да и биде заменет со притвор.
Изрекувањето на пресудата заврши, а Боки 13 рече дека станува збор за политичка пресуда. Тој е во притвор од 15 јули лани.