03 Мај, 2024
0.0239

Богов не и се меша на владата за прогресивното оданочување, но очекува даноци за сивата економија

Објавено во: Финансии 14 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Народната банка на Република Македонија ќе ги следи европските монетарни политики и соодветно на нив ќе ја уредува својата. Ова го истакна гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, на вториот работен ден од годишната конференција што се одржува во Охрид.

Што се однесува на фискалната политика во земјата и актуелното прашање околу плановите за воведување прогресивен данок, Богов нагласи дека фискалната политика е во ингеренција на Владата, односно дека тоа е нејзино ексклузивно право, секако и одговорност.

– Монетарната политика ќе се приспособува на секоја фискална политика соодветно. Доколку фискалната политика е поконзервативна тогаш има простор монетарната да биде порелаксирана и обратно. Даночната политика не би ја коментирал, оттаму што тоа е исто така владина надлежност – истакна Богов.

Тој сугерира дека би било подобро Владата да се концентрира на оданочување на сегментите што досега не подлежеле на оданочување. Уште повеќе што и Македонија исто како и државите од регионот имаат проблем со сивата економија, која е мошне висока, а има простор за подобрување на јавните финансии токму преку зафаќање на оние економски активности што не се оданочени.

Со конференцијата во Охрид се одбележува годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција