Богојески: Изминативе 30 години се изнаслушавме безброј лажни ветувања од левичарите и десничарите
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020
Лидерите на двата политички блока упорно ја залажуваат јавноста, изјави Петар Богојески, носител на листа на Македонски концепт во ИЕ 1.
Вели дека се залагаат за казнивост на политичарите, политичка одговорност, кривично дело лажно политичко ветување и финансиска лустрација на политичарите, функционерите и сите кои се на јавни функции.