18 Мај, 2024
0.0293

Богојески го замрзна членството во ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде кандидат за независен пратеник

Објавено во: Македонија 06 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Поради намерата да се кандидира за независен пратеник, Петар Богојески го замрзна членството во неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. За одлуката соопшти на фејсбук, а реформаторот кажа и дека нема да оди во друга партија и дека неговатао враќање во ВМРО-ДПМНЕ е условено од развојот на настаните внатре во партијата, нејзината демократизација,како што вели, модернизација и европеизација, без разлика дали е на власт или во опозиција.

„Заклучно со 29.02.2020 година, го ставам во мирување моето членство во ВМРО ДПМНЕ, поради намерата да бидам граѓански, независен кандидат за пратеник.

Најголем срам за еден реформатор е да постане реставратор на она што се борел да го реформира! Јас не сум и не можам да бидам тоа! Јас не можам да поткрепам обнова на минатото, на она кое целосно ја разобличи партијата! Јас останувам убеден дека ВМРО ДПМНЕ треба длабоко, длабоко да се реформира, ако сака воопшто да продолжи да се нарекува ВМРО, напиша Богојески.

Вели дека во изминативе 25 години бил активен член и дека е горд на неговата посветеност. 

„Причината да станам дел од ВМРО ДПМНЕ беше мојата искрена љубов кон македонската кауза, убеден во идејата, со желба да го продолжам делото на организацијата! Во далечната 1995 година, јас потпишав пристапница во една понаква ВМРО ДПМНЕ... поинаква изјава... поинаков Статут... поинакви цели и вредности... други искрени луѓе, вљубеници во Македонија! Денес не остана скоро ништо од тоа дамнешно ВМРО ДПМНЕ, во кое се заљубив на млади години. Не остана ништо од тој национален романтизам, тоа народно будење, таа борба за слобода и човечки правдини, пишува Богојески и додава дека денешната „Обнова на бандитизмот” не е негова.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“