18 Мај, 2024
0.0286

Богоевски: Убаво е да се укинат патните трошоци на пратениците, но има директори со по три секретарки и пет коли

Објавено во: Македонија 06 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Целосното укинување на патните трошоци за пратениците е мошне благородна и нужна идеја, иако можеби малку непрактична.

Ова го напиша на својот фејсбук профил поранешниот пратеник од редовите на власта Павле Богоевски, откако вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев објави дека доколку неговата партија ја добие довербата од граѓаните на изборите, ќе предложи за наредниот мандат укинување на патните трошоци за пратениците.

„Но, вистинските непотребни трошоци не се само кај пратениците. Треба да се направи темелна анализа на оправданоста за сите привилегии на јавните функционери. Ако земеме предвид дека законодавната е посебен столб на власта, подеднакво важен како извршната и судската и дека сегашните патни трошоци на пратениците се дефинитивно превисоки и неоправдани - тогаш дали секое јавно државно или локално претпријатие треба да има и заменици директори со голем помошен персонал и којзнае колку службени возила? Особено ако знаеме дека во државава има многу повеќе директори, заменици, раководители и сл. од што има пратеници“, пишува Богоевски.

Натаму, додава дека не е во ред пратеници да наплаќаат илјадници евра за патни трошоци. Но, нагласува, дефинитивно и не е во ред да имаме три секретарки и пет коли по глава на директор!

„Ако овие трошоци се помалку видливи од оние на пратениците, не значи дека не треба да бидат адресирани“, пишува Богоевски.

И во п.с. потенцира дека сновната претпоставка за силно Собрание е пратеници кои ги имаат потребните услови за да можат слободно, независно и ефикасно да ја вршат својата функција, а тој тврди дека сегашните услови не го овозможуваат тоа.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“