26 Април, 2024
0.0306

Богданов: Довчерашните сопартијци беа жигосани бидејќи решиле да гласаат по сопствено убедување

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Одлуката донесена од страна на присутните членови на вонредниот состанок на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, за исклучување од партија на нашите пратеници кои гласаа во Собранието за потребата од пристапување кон измени на Уставот и расправање по уставните амандмани, за жал, сите нас нè врати во едно не толку дамнешно време чија главна одлика беше недостатокот од внатрепартиски демократски капацитет и толеранција кон различниот став, вели за Фактор, Костадин Богданов, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

„Оваа одлика можеби е својствена за крајно десничарските националистички партии со автократски елементи, но истата не е карактерна црта на модерните народни партии кон кои ВМРО ДПМНЕ се стреми. Дополнително, не можам, а да не изразам загриженост и разочарување за начинот на кој довчерашните сопартијци беа жигосани во и вон Собранието, и тоа од единствена причина, бидејќи решиле да гласаат по сопствено убедување за едно натпартиско прашање со историски димензии. Сметам дека најмалку што може и треба партијата да направи во овој момент за нив, е јавно да се огради и да го осуди целиот говор на омрaза кој се шири по социјалните мрежи, а е насочен директно кон нив и кон нивните семејства. На тој начин партијата ќе покаже елементарно чувство кон сериозноста на состојбата во која пратениците беа театрално доведени“, вели Богданов. 

Според него, ВМРО ДПМНЕ мора да биде европска и демократска народна партија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“