02 Мај, 2024
0.0256

Богаство и луксуз: Најдолгите јахти на светот

Објавено во: Стил 20 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Абрамович веќе не е сопственик на најдолгата јахта на светот. Иако неговата „Eclipse" три години беше на првото место, годинава ја изгуби престижната титула. Со должина од 155 метри јахтата „Al Said" е четврта по должина јахта во светот. Таа е дел од флотата на султанот на Оман, Кабус бин Саид ал Саид. Султанот има уште една јахта „Fulk Al Salamah"  долга 137 метри. Третата по големина јахта во светот е приватна сопственост на шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетелот на Дубаи. Луксузната јахта е со импресивна должина од 162 метри. Со должина од 163,50 метри „Eclipse" на рускиот милијардер Роман Абрамович годинава се најде на второ место. Јахтата "Azzam" е најголемата јахта во светот. Шеикот Халифа ја уреди луксузно, располага со салон со димензии од 550 квадратни метри, со вкупен капацитет од 94 000 КС е максимална брзина од 31,5 јазли (околу 58 км / ч). Точната цена на јахтата не е позната, но гласините се дека со целата опрема можно е да чини околу 850 милиони евра. Повеќето од стоте најголеми јахти во светот припаѓаат на богаташи од Блискиот Исток, потоа на Руси и Американци. Ако во 2008 година првите 200 на јахти биле со просечна должина од околу 75 метри,  сега постои тренд тие да станат подолги, па оваа година просечната должина на топ 200 на најголемите јахти во светот се зголеми до 81 метар.