09 Мај, 2024
0.0261

Бочварски: Нема да се бараат уште пари за автопатот Кичево - Охрид

Објавено во: Економија 05 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска пред новинарите рече дека нема да се бараат повеќе пари од предвиденото за доизградба на автопатот Кичево - Охрид, на медиумско прашање дали постои гаранција дека нема да се надмине кредитната рамка од 598 милиони евра.

Досега се потрошени околу 440 милиони евра, со што остануваат уште околу 160 милиони евра од кинескиот кредит за довршување на делницата, кој е продолжен до 31 декември 2026 година.

Бочварски рече дека средства има, но она што сега е важно е да се напрвата техничките решенија за свлечиштата кои се појавија на делницата. Собранието на 1 април на итна седница го изгласа предлог на Владата, односно на ресорното Министерство за транспорт и врски рокот за завршување на градежните работи на оваа автопатска делница чиј изведувач е кинеската копанија „Синохридро“ да биде продолжен до 31 декември 2026 година. Претходно рокот за изградба на автопатот беше до крајот на минатата година, но 13-те свлечишта кои се појавија беа причината да се донесе нов анекс за негово продолжување.

„Во однос на реализацијата на автопатот Кичево-Охрид веќе најавивме дека согласно насоките од надзорниот инженер и целиот тим кој што работи од страна на надзорот и Фидик-експертите беше дадена препорака за продолжување на рокот поради 13-те нови свлечишта коишто се појавија. Како што знаете има сè уште средства коишто се ставени на располагање за да бидат реализирани и токму поради тоа не се побараа нови средства за реализација на овој автопат. Средства има, важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата коишто се појавија и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од коридорот 8“изјави Бочварски кој вршеше увид во изградбата на браната на реката Отиња во Штип.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување