18 Мај, 2024
0.0300

Блокадата ќе ги забави бавните македонско - бугарски проекти

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарија има потенцијал да биде меѓу најголемите инвеститори во Македонија, вели Столе Велков, претседател на Здружението Македонско – Бугарско Пријателство МБП –Скопје.

Објаснува дека економското присуство е најлесниот начин да се воспостават не некакви туку добри и одржливи односи. Смета дека економијата, трговијата, вкупната размена на стоки треба да се зголемат меѓу двете земји.  Додава дека во различни сегменти на општеството, самата блокада од Бугарија ќе има различно влијание.

„Да, ќе влијае во политичкиот однос, ќе влијае во натамошната реализација на договорот, поради тоа што да не забораваме дека во договорот има и други точки, освен најпознатата, имено создавањето на комисијата за решавање на историските прашања. Но, еве ќе си земам за слобода да кажам дека за волја на вистината малку саркастично можеби ќе прозвучи, но да бидеме искрени па нема дури до толку да ја забави реализацијата, од проста причина што и без тоа сѐ се ,,реализира“ премногу бавно. Еве ќе набројам неколку примери: недостатокот на присуство на македонски медиуми во Бугарија и обратно на бугарските во Македонија, недостатокот на весници, списанија. Реализација на коридорот 8. Патната инфраструктура меѓу земјите е под секаква критика. Отварање на граничниот премин Клепало. Присуството на македонските производи на бугарскот пазар и обратно е нешто на кое треба да се работи. Цената на роамингот и ред други работи што имаат поголемо секојдневно влијание врз обичниот граѓанин“, вели Велков.

Објаснува дека секоја година реализираат бројни проекти, од кои дел имаат и големо значење за двете земји. Основна идеја на Здружението е остварување на духовни потреби на поширокиот општествен интерес за збогатување на сознанијата за општата култура, како и за унапредување на културната соработка и развивање на културните врски меѓу  Македонија и  Бугарија.

„По повод Божиќните и новогодишните празници во Македонија, Здружението организира хуманитарни настани. Собраните средства се донираат за хуманитарни цели. Ги одбележуваме националните празници на двете држави. Како за пример ќе го спомнам заедничкото празнување на Денот на словенската писменост Св.Кирил и Методиј. Во периодот од април до крајот на јуни, Здружението активно учествува во студентската кампања за запишување студенти за факултетите во Бугарија. Нашите претставници помагаа да се организираат презентации низ градовите.  Во соработка со други невладини организации од Македонија и Бугарија секоја година учествуваме во организацијата на манифестацијата ,,Денови на Бугарската култура, фолклор и традиција“ во Охрид и на манифестации од ваков вид во Бугарија, каде што лугето од двете држави ги преставуваат своите културни одбележја во делот на традиционалниот фолклор“, рече Велков.

Бугарија ја попречи Македонија на патот кон ЕУ со ставање на вето на преговорите, но даде поддршка на Албанија. Сепак, македонските власти се надеваат дека е можно во скоро време да има решение за отворените прашања. Бугарија претходно инсистираше дека македонскиот јазик и народ имаат бугарски корени, за што имаше многу реакции во земјава, но и во регионот и пошироко. Источарите од регионот застанаа зад Македонија со барање историјата да не се злоупотребува.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“