02 Мај, 2024
0.0302

Блок трансакциите го движат главниот промет на Берза, растат и тргувањата со акции

Објавено во: Финансии 12 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Македонска берза ги сублимираше остварените резултати во првиот квартал од година, при што блок трансакциите го движат главниот промет на берзата, а растат и тргувањата со акции на класичен начин. Блок трансакциите веднаш се издвојуваат во првите три месеци од 2018-та во споредба со истиот квартал во 2017-та со тоа што има раст од неверојатни 900%, односно извршени се трансакции со вкупна вредност од 3,2 милијарди денари или за околу 3 милијарди денари повеќе од годината претходно. 

Раст од 33,6% е забележан кај класичното тргување со акции и тоа се добри знаци за почетокот на годината. Одличен раст има и кај вкупната пазарна капитализација на котираните друштва со вкупна вредност од 142 милијарди денари или раст од 17,2% во однос првиот квартал во 2017 година.

Главниот промет во овој дел го реализираше блок трансакцијата на Комерцијална банка, откако странските инвестициски фондови го продадоа својот удел, а пакетите акции сите под 5% од сопственичкиот удел ги преземаа компании од домашниот пазар.

Исто така за одбележување е и продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд на Сава Ре кои сега влегоа на пазарот на приватното пензиско осигурување во Република Македонија, со преземање на сите акции преку Македонска берза.

Најголем пад на котираните компании на берза се бележи во областа на градежништвото и сите домашни градежни друштва имаат пад на добивките во К1 2018 во споредба со К1 2017. Падот во градежништвото изнесува речиси 70% со реализирана нето добивка од само 130 милиони евра. 

Банкарскиот сектор, пак од друга страна има солиден раст од 8,34 % со нето добивка на котираните банки од 5,7 милијарди денари. 

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција