Близу половина милион новозаразени во светот: Италија и Шпанија повторно со најголем број починати
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Март, 2020
Близу половина милион новозаразени: Италија и Шпанија повторно со најголем број починати
Бројот на новозаразени во светот забрзано се движи кон половина милион луѓе. Според последните информации, сега има околу 430.000 луѓе инифицирани со смртоносниот вирус, но СЗО информира дека дури 85 отсто од новите случаи во последните 24 часа се пријавени во Европа и во САД.
Италија се уште важи за земја која е епицентарот во Европа со најголем број нановоинфицирани и со најголем број жртви. До вчера бројот на починати повторно се зголеми на повеќе од 700 – 743. Таму до сега има 6.820 починати, а вкупниот број заразени е близу 70.000 луѓе. Стапката на смртност е речиси 10 проценти. Критично е и во Шпанија, каде вкупниот број на починати е 2.991, а веќе има 42.000 заразени лица.