„Блиц“ објави дека во српскиот избирачки список има 800.000 гласачи плус
Објавено во: Балкан 06 Април, 2017
Во српскиот избирачки список запишани се 800.000 гласачи повеќе отколку што Србија има полнолетни жители, објави белградскиот весник „Блиц“.
Меѓу впишаните се и лица кои живеат на непостоечки адреси.
Според „Блиц“, право на глас на претседателските избори имал и жител кој во јануари ќе наполни 128 години.
Можност за прочистување на избирачкиот список досега имаа сите влади, но ниту една тоа не го стори тоа, ниту е изразена политичка волја тоа да се направи, пишува весникот,
Според податоци на Републичкиот завод за статистика, во земјата има 7.186.962 жители, а полнолетни кои може да гласаат се 5,9 милиони луѓе. Во избирачкиот список за претседателските избори беа впишани 6,7 милиони гласачи. Бројките покажуваат дека право на глас на овие избори имале 800.000 гласачи повеќе.