04 Мај, 2024
0.1190

Бизнисмени: Новиот закон за перење пари е на штета на стопанството

Објавено во: Економија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Дури 86 отсто од анектираните компании од Стопанската комора на Северозападна Македонија сметаат дека промените во Законот за спречување на перење пари се на штета на нивниот бизнис. Според нив, намалувањето на сумата до која може да се плати во кеш од 15.000 евра на 2.000 евра ќе ги погоди значајно членките на комората. 

„Овој наод е земен од основ на анкетата реализирана од Канцеларијата за истражување и анализа во СКСЗМ, каде што од резултатите, 86,7 отсто од членките сметаат дека оваа промена на законот ќе биде штетна во правењето бизнис, вели Дрилон Исени, директор на комората.

Исени бара имплементацијата на законот да се пролонгира на неодредено време. Вели дека не се против транспонирањето на Директивата 2015/849 за спречување на употребата на финансискиот систем со цел перење пари и финансирање на тероризам, но сметаат дека Законот, кој стапи во сила на 7-ми овој месец треба да биде во согласност со неа. Тоа рече, не е случај бидејќи Министерството за финансии се определило за порестриктивен пристап за целите кон кои се стреми оваа директива.

- Тука се предвидува забрана за плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 2.000 евра или повеќе, додека во Директивата истата забрана е определена во износ од 10.000 евра или повеќе, рече Исени.

Според него, проблематично во законот е и тоа што со него приредувачите на игри не се обврзани плаќањата на клиентите да ги вршат преку банкарски сметки, што како што потенцира претставува потенцијална опасност за перење пари. Проблем, според него се и високите глоби предвидени за неисполнување на одредбите што се движат од пет до 30 илјади евра. 


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?