01 Ноември, 2024
0.0263

БИЗНИС ЧУДО ОД КИНА: Како ризикот на Си Чен ја вивна нејзината компанија за мобилни игрички

Објавено во: Економија 05 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Ако се прашувате како да покренете сопствен бизнис и не сте сигурни дека ги поседувате сите неопходни вештини, ние ви идеме на помош.

При покренување на приватен бизнис, е добро да се биде претпазлив. Сите сме склони кон несигурност и стравови, посебно кога го ризикуваме своето време и пари. Меѓутоа, понекогаш сепак е потрбно да се претпостави позитивен исход, па затоа ќе се задржиме на една успешна приказна од светот за денес, а веќе утре очекувајте нова.

PapayaMobile – бизнис чудо од Кина

Ако не сте слушнале за PapayaMobile, ќе ви кажеме дека се работи за компанија која се занимава со мобилни технологии и производство на телефонски игрички. Меѓутоа, што вели Си Чен, основачот на компанијата  PapayaMobile за тоа како почнало се?

Си Чен е родена и порасната во Кина. Нејзината мајка, успешен адвокат, не била задоволна со својата работа. Уште како дете семејството на Си Чен се преселило во Јужна Кина, која била најсоодветен дел од земјата за развој на приватни бизниси.

Таму нејзината мајка почнала работа во поле на трговија со недвижнини. Поучена од професионалното искуство на својата мајка, сфатила дека не сака да ги следи соништата на мнозинството, само затоа што тој пат е посигурен. Освен тоа, книгата на Бил Гејтс, „Пат напред“ (The Road Ahead) исто така и оставила посебен впечаток на Си Чен.

Што учиме од примерот на Си Чен?

Си Чен го покренала бизнисот во 2008 година, кој што почнал да се развива со непланирана брзина. Меѓутоа, немојте да мислите дека се било совршено. Веќе во 2009 година Apple App Store,  од кој бизнисот на Чен суштински зависел, ги повлекол од пазарот  PapayaMobile игричките и тоа во моменет кога овој тазе стартап почнал да се пробива на пазарот. Си чен се сеќава на овој момент. Сите во компанијата чекале нејзина одлука, а таа сфатила дека мора да реагира брзо. Иако се обидувала да преговара со Епл, било очигледно дека мора да преземе ризик. Затоа одлучила своите PapayaMobile игрички да ги преврли на Гугл Андроид платформа. Тоа било најризичниот потег, но истовремено потег кои и обезбедил раст и развој на нејзината компанија. 

По техничките промени, PapayaMobile игрички се вратени во Apple App Store. 

Успешниот пример на Си Чен покажува колку е важна нашата подготвеност како лидери да ги надминеме стравовите, да веруваме во своите идеи, да направиме алтернативни планови, и по потреба да бидеме подготвени на брзи, ризични, но и мудри одлуки. Овој пример покажува колку е важно да се биде истраен и да не се откажуваме, дури и кога препреките ни изгледаат непремостливи.

Можеби ќе ве интересира

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување