Било релативно здраво: На Клиника почина женско дете од бактериска инфекција
Објавено во: Македонија 06 Март, 2019
Девојче на возраст од две и пол години починало завчера на Клиниката за детски болести.
Ова го соопштија дури денеска од клиниката од каде велат дека детето е примено со знаци за сериозна бактериска инфекција.
Како што потенцираат во соопштението од Клиниката, претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано еден недела од страна на матичен лекар.
Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено на оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето починало.