08 Мај, 2024
0.0280

Билјана Јовановска: Жените, ако сакаат, ќе можат да работат до 64 години

Објавено во: Економија 17 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Билјана Јовановска, директорката на Фондот за пензиско-инвалидско осигурување, во емисијата „Утрински брифинг“ потврди дека со новиот предлог-закон кој е во Собрание жените ќе може да работат до 64 години, додека истата возраст останува задолжителна и за мажите.

- За жените останува редовното пензионирање на 62 години, но ќе може да се пензионираат и на 64, по нивен избор, додека кај мажот останува границата од 64 години, рече првиот човек на ПИОМ.

Јовановска вели дека во приватниот сектор оној што сака да се пензионира подоцна, со пријава во задолжителното социјално осигурување, ќе може да ја стави пензијата во мирување.

Таа додаде дека со новиот закон кој допрва треба да биде изгласан, пензискиот буџет нема да претрпи намалување на финансиите.

- Импликации нема да има, нема да има никакви репрекусии, затоа што имаме инвестиции и најави за отворање на нови работни места, вели Јовановска.

Директорката вели дека оваа година зависноста на фоднот од државниот буџет е намалена на 38 проценти во година на ковид-криза и дека уплатите одат според планираната динамика и дека евентуално зголемување на просечната пензија со интервенција на Владата ќе се разгледува во јули.

Показателите во првите четири месеци покажуваат тренд на зголемување на просечната пензија. Кога ќе се стабилизира економската ситуација, сигурна сум дека Владата со низа мерки ќе направи усогласувања со просечната плата, смета Јовановска.




Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката