16 Мај, 2024
0.3811

Бил Гејтс повторно е најбогатиот човек на планетата

Објавено во: Стил 17 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Основачот и претседателот на бордот на директори на Microsoft, Бил Гејтс e повторно на врвот на листата најбогати во светот. Тој го замени мексиканскиот магнат Карлос Слим, покажуваат податоците на индексот Bloomberg Billionaires Index. Според податоците на Bloomberg, богатството на 57-годишниот Бил Гејтс во четвртокот изнесувало 72,7 милијарди американски долари, или 550 милиони долари повеќе од неговиот најблизок конкурент Карлос Слим. Агенцијата потенцира дека во тековната фискална година активата на Гејтс се зголемила за околу 10 милијарди долари, или за 16 отсто. Притоа акцијата на Microsoft во четвртокот се зголеми за 28 отсто и ја достигна рекордната вредност во последните пет години. Во истиот период 73-годишниот Карлос Слим изгубил речиси три милијарди долари, што е последица на одлуката на Конгресот на Мексико од март за направи промени во регулирањето на домашниот телекомуникациски пазар. По спроведувањето на оваа реформа уделот на компанијата „America Movil" во сопственост на Слим, не може да надминува повеќе од 50 отсто од мексиканскиот телекомуникациски пазар, иако претходно таа беше фактички монополист во тој сегмент. Богатството на Карлос Слим е проценето на 71,2 милијарди долари и се намалило за 14 проценти. Третиот од листата на 100 најбогати луѓе на светот на Bloomberg, е уште еден американски инвеститор, Ворен Бафет со 59,6 милијарди долари. Тој претседател и главен извршен директор на „Berkshire Hathaway" холдинг компанија која опфаќа широк спектар од бизниси меѓу кои осигурување „Geico", производство „Clayton Homes", енергетика „MidAmerican Energy" и „Lubrizol" и услуги „NetJets", а исто така има удели и во компаниите „Coca-Cola", „American Express", „Procter & Gamble" и „Wells Fargo".