16 Мај, 2024
0.0272

БИГЗБИ - Опцијата за гласовно управување на Компанијата Самсунг сега достапна во повеќе од 200 земји ширум светот

Моментално достапна на Англиски и Корејски јазик, оваа опција им помага на корисниците да го искористат целиот потенцијал на уредот

Објавено во: Мои пари 22 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.,) денес објави дека гласовните способности на Бигзби (Bixby) се веќе достапни низ повеќе од 200 земји и територии ширум светот, овозможувајќи им на милиони корисници да искусат попаметен начин на интеракција со својот телефон. Покрај Јужна Кореја и САД,корисниците од целиот свет вклучувајќи ги Велика Британија, Австралија, Канада и Јужна Африка ќе можат да го користат интелигентниот интерфејс кој ќе им помогне да ги завршат своите работи побрзо и полесно.

Моментално достапен на Англиски и Корејски јазик, Бигзби носи унапредена продуктивност на паметниот телефон и подобра  персонализација преку интерфејсот со брзи команди - Quick Commands. Оваа функција им овозможува на корисниците лесно креирање на сопствена гласовна команда која може да се користи последователно за една или повеќе команди. На пример, можете да креирате команда “добра ноќ” како кратенка за “Вклучи го режимот за тивко, намести го алармот во 6:00 часот наутро и вклучи го филтерот за сино светло”. 

Бигзби исто така го разбира начинот на кој всушност корисникот зборува, прашува и поставува барања. На пример, ако корисникот сними фотографија и потоа му каже на Бигзби “испрати ја фотографијата која штотуку ја фотографирав до мама”, Бигзби ги разбира командите кои подразбираат користење на повеќе апликации и ќе знае на која слика се однесува и ќе ја испрати до личноста до која корисникот бара преку порака. Разбирањето на природниот јазик ја прави вашата интеракција со телефонот полесна и поинтуитивна. Со својата технологија за длабоко учење базирана на интеракција, Бигзби со текот на времето ќе разбира сè повеќе и ќе ги препознава личните преференции на корисникот и начин на кој корисникот зборува.

Бигзби е уникатен и по тоа што е интелигентен интерфејс, а не само по тоа што е самостојна апликација. Кога некоја апликација ќе стане способна да комуницира со Бигзби, тој ќе ја поддржи скоро секоја задача која таа апликацијата е способна да ја изврши, користејќи гласовни команди, команди со допир или текстуални команди. Длабоката интеграција на Бигзби е исто така вградена во поставките на паметниот телефон така што можете да ги менувате опциите на телефонот како што се поставување време за гасење на екранот кога телефонот е неактивен или прикажување на сите нотификации, а притоа без прекинување на она што во моментот го работи корисникот.

Милиони потрошувачи ширум светот имаат пристап до нов и интелигентен начин на интеракција со својот паметен телефон. Проширувањето на гласовните способности на Бигзби е почетен чекор во континуирано ширење на неговата функционалност. Во иднина, Бигзби ќе има моќ за учење со цел да понуди поинтелигентни и персонализирани интеракции како и беспрекорно и лесно поврзување со сè повеќе уреди.” – изјави Инјонг Ри(Injong Rhee), Извршен Потпретседател и Раководител во Секторот за Истражување, Софтвер и Услуги во Дивизијата за Мобилна Комуникација во Самсунг Електроникс.

Самсунг планира да продолжи да ги проширува гласовните способности на Бигзби и во други земји, јазици, уреди, карактеристики и апликации од други производители. Со понатамошно подобрување на искуствата во користење на мобилните уреди и понудените решенија, многу повеќе корисници ќе можат да имаат интеракција со својот уред и ќе можат да управуваат со нивните апликации и услуги беспрекорно и инстинктивно.

Почнувајќи од денес, корисниците на Галакси С8 и С8+ ќе можат да ги вклучат гласовните способности на Бигзби со притискање на “Бигзби” копчето за да започнат инсталацијата. Бигзби се активира со притискање на копче на Галакси С8 и С8+ телефоните или едноставно велејќи му “Hi, Bixby” (Здраво, Бигзби).

За повеќе информации околу гласовните способности на Бигзби(Bixby), посетете ја страницата:https://news.samsung.com/global/how-to-get-more-done-in-your-day-with-bixby


1. Гласовната команда препознава англиски (САД) и корејски јазик,но не ги препознава сите акценти, дијалекти и изрази. Услугата може да варира во зависност од државата и провајдерот. Препознавањето на природниот јазик му овозможува на Бигзби континуирано да ја подобрува способноста за толкување на регионалните дијалекти. Но, бидејќи Бигзби побрзо учи од почесто користените команди, ќе му биде потребно повеќе време за целосно разбирање на регионалните дијалекти кои се користат поретко.

2. Бигзби моментално е достапен на одредени уреди, вклучувајќи ги и Галакси S8 и S8 +.3. Достапноста на услугите и партнерите варира во зависност од државите.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“