18 Мај, 2024
0.0364

Бетон цементиран во првиот квартал - Добивката стопена за 16 милиони денари

Објавено во: Економија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Градежната компанија Бетон АД Штип има многу неповолен прв квартал од годинава кој во споредба со истиот квартал од 2016-та е значително полош со огромен пад на приходите, а со тоа и на добивката. Повеќе фактори може да влијаат врз успешноста на една компанија во првите три месеци од годинава на македонскиот пазар, но добивката сега е значителна намалена и тоа за неверојатни 268 илјади евра.

Во првиот квартал од 2017 Бетон АД Штип според објавениот неревидиран неконсолидиран финансиски извештај бележи пад на приходите 200 милиони денари на само 128 милиони денари, што е прилично лошо со оглед на тоа што компанијата е присутна само на домашниот пазар и нема никакви приходи од странство барем во оваа фаза.

Сосема очекувано во ваков период на намалена оперативна активност да се намалат и расходите, но за жал на Бетон АД Штип нивниот пад не е пропорционален со падот на приходите. Бетон АД Штип и натаму има високи расходи кога се во прашање вработените за кои за три месеци троши 41,5 милиони денари. Набавната вредност на стоките изнесувала 12 милиони денари што е голем скок од лани, додека пак услугите со карактер на материјални трошоци најмногу се намалени, па така од 76,4 милиони кои биле распределени лани, во К1 2017 се издвоени 22,5 милиони денари. Сепак, оперативните расходи на Бетон АД Штип и натаму се доста високи и вкупно изнесуваат 112 милиони денари

Финансиските активности на Бетон АД Штип укажуваат дека во овој квартал се стекнале со нешто над половина милион денари на приходи од вложувања, заеми и камати и курсни разлики додека во првиот квартал лани немале вакви приливи. Расходната страна на финансиите покажува дека Бетон АД Штип нема големи промени при плаќањата на камати и слични обврски со 5,5 милиони денари или речиси идентичен износ како и лани.

Бетон АД Штип со овие параметри оствари оданочена добивка вредна 4 милиони денари, што е за 16,4 милиони денари помалку во однос на претходната година сметајќи ги јануари, февруари и март. 

Бетон АД Штип во изминатиот период изведуваше голем број на градежни активности за новите објекти покрај кејот на Вардар во Скопје за нови седишта на владини и државни институции, Музејот на македонската борба, Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите, Македонскиот народен театар, но и други проекти.

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа