Берзите паѓаат, принцот ја „турка“ нафтата
Објавено во: Финансии 07 Ноември, 2017
На европските берзи денеска акциите паѓаат, а поради тензиите на Блискиот Исток цената на нафтата се искачи на двегодишен максимум.
Цените на нафтата скокнаа по апсењата на принцови и функционери во Саудиска Арабија поради корупција.
Нафтата брент достигна 64,65 долари за барел, а тоа е највисоко од јуни 2015 година.
Еврото скокна на 1,1577 долари од 1,1554 долари.
Фунтата падна на 1,1554 долари, а претходно чинеше 1,3142 долари.
Доларот достигна 114,26 јени.