02 Мај, 2024
0.0336

Бели гулаби и индиско знаме, тимот на Субрата Рој славеше во Македонија

Објавено во: Стил 17 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Тимот на Субрата Рој го прослави денот на индиската независност од Макдонија. Вработените во „Сахаријан Македонија“ го поставија индиското знаме и пуштија бели гулаби, а во хотелот Славија во Охрид, кој Индијците го купија лани се одржа пригодна свеченост. Во Индија, 15 август- Денот на независноста е голем национален празник во Индија поради добивањето на слобода од британското владеење во 1947 година постигната со ненасилен отпор и граѓанската непослушност на чело со Индискиот национален конгрес. Се славеше и во Скопје, во ресторанот Арабеска каде претставниците од Сахара груп со свеченост и познати македонски личности го одбележаа својот празник. Иако Субрата Рој се врати во Индија, неговите двајца синови добија македонско државјанство, а во земјава е регистрирана и неговата компанија „„Сахаријан Македонија“. Контраверзниот бизнисмен најави големи инвестиции во агрокомбинатот Џумајлија кон ќе го прави лидер во производство на млеко и млечни производи на Балканат. Другиот голем проект е најавата на монденскиот туристички центар во Љубаништа каде најави инвестиција од стотици милиони евра.