18 Мај, 2024
0.2516

Белгиските власти ќе ги признаат македонските возачки дозволи?!

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Ќе се засилува полициската соработка меѓу Македонија и Белгија со договорот потпишан денеска за време на средбта на министрите за внатрешни работи на Македонија и на Кралството Белгија, Гордана Јанкуловска и Жоел Милке. Договорот, смета Јанкуловска е правна основа за полициска соработка  и ги дефинира клучните области во кои постои простор за тоа, јави МИА. „Овој договор овозможува директна, непосредна соработка меѓу полициите од двете земји во однос на прашањата од клучен интерес, а кои претставуваат глобални проблеми и закани за светот во денешницата. Договорот ќе ни овозможи да формираме заеднички истражни тимови што ќе работат на прашања поврзани со глабалните закани како што се сајбер-тероризмот, тероризмот, недозволена трговија со дрога и оружје и луѓе и продлабочување на полициската соработка во областа на организираниот криминал,“, изјави Јанкуловска. Ова е прв ваков договор меѓу Македонија и Белгија, а  дополнителна тежина дава фактот дека денес со големата мобилност на луѓето,често се наоѓаат во ситуација да претстојуваат во една од земјите и потребно е да се има законска основа за постапување кога ќе се соочат со проблем во странство. Тоа е и кога, вели Јанкуловска, на пример македонски државјани го пречекоруваат законот во другата земја за да може соодветната служба да постапува и да го спроведе законот на најбрз можен начин. Според Жоел Милке, важно полициите да ја засилат соработката во однос на борбата против организираниот криминал, насилството, тероризмот. Вели дека е задоволна што веќе има офицер за врски кој е базиран во Албанија и кој има дневни контакти со службите во Македонија. На прашањето дали иницијалната каписла за продлабочување на соработката меѓу македонската и белгиската полиција се т.н. лажни баратели на азил, Јанкуловска потенцираше дека тоа не е единствената причина оти проблемите со кои се соочуваат полициите се многу пошироки од покривање на само едно прашање. „Се разбира дека овој договор ќе значи и дополнителен импулс во соработката на тој план. Радува фактот што по интензивните мерки што заеднички ги превзедовме со белгиските власти, конечно бројот на т.н. лажни азиланти е во опаѓање и бележи драстичен пад кога говориме за Белгија. Тоа е добар пример кој може да го аплицираме на другите држави каде што во моментов проблемот е поизразен“,смета Милке. Таа додаде оти Република Македонија досега има потпишано вкупно 18 договори за полициска соработка, а посочи и дека   е разговарано за можноста за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу двете држави, што ќе го олесни и патувањето и комуникацијата меѓу државјаните кои поседуваат возачка дозвола од Македонија или Белгија. „Но, тоа ќе биде предмет на преговори и дополнителни усогласувања и рано е да се говори дали и кога таков договор ќе биде потпишан“, додаде Јанкуловска.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата