04 Мај, 2024
0.0258

Бектеши не сака трговска војна на Македонија со Косово

Објавено во: Економија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Воведувањето на 30-отстотна царина за увоз на земјоделски производи во Косово не значи трговска војна меѓу Македонија и Косово, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

- Мерката не е насочена против Македонија и се однесува на сите држави во светот кои извезуваат земјоделски производи во Косово. Имајќи ги предвид сите меѓународни договори имаме обврска и ние да преземеме наши мерки. Тие ќе бидат анализирани во соработка со Министерството за земјоделство и Царинската управа, но истовремено ќе бидат разгледувани и во склоп на Секретаријатот на ЦЕФТА и со другите членки и држави, изјави Бектеши по средбата со косовскиот министер за регионален развој Расим Демири.

Тој посочи дека македонската страна не била навремено информирана за воведувањето на мерката и додаде дека согласно ЦЕФТА Договорот, Косово било должно навреме да ги информира сите земји членки за намерата за воведување царини. Нагласи дека денеска ќе се одржи средба на која првично ќе се анализираат сите можни импликации врз македонските производи, а потоа ќе се заземе став дали ќе се воведат контра мерки.

- Како Министерство за економија и Влада не сме биле информирани, но во разговор со Секретаријатот на ЦЕФТА дознав дека не биле информирани ни другите членки на ЦЕФТА. Зошто косовското Министерство за трговија и индустрија не ја информирало ЦЕФТА за мерките што ги имале во предвид да ги преземат треба да одговорат тие, бидејќи според моите сознанија токму тие ја предложиле мерката, рече Бектеши.

Косовскиот министер Демири посочи дека мерката е воведена со цел да се заштитат домашните производители на земјоделски производи.

- Одлуката нема ништо против Македонија и нејзина цел е да се заштитат косовските производители на земјоделски производи. Мислам дека мерката е добро проанализирана и сметам дека ќе биде во корист на нашите производители и оти ќе има позитивни влијанија, рече Демири.

Владата на Република Косово вчера донесе одлука за воведување 30-отстотна царина за увоз на земјоделски производи во Косово. Мерката, што ќе трае 90 дена, треба да стапи на сила од петок.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?