14 Мај, 2024
0.0280

Бејли за прославата на американскиот празник - Напредуваме со заеднички цели

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во присуство на претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, на премиерот Зоран Заев, министри во Владата, пратеници, градоначалници, претставници на граѓанското општество, на дипломатскиот кор и други гости, амбасадорот Бејли на прославата на американскиот празник на независноста го подвлече метафоричкото значење на мостовите како тема која е многу соодветна за овој момент за Македонија.

- Ова е време за градење на единство меѓу партиите и заедниците за да се постигне заедничката цел – безбедна, просперитетна и демократска Македонија, која се движи кон НАТО и ЕУ. Ова е време кога треба да комуницирате со вашите соседи, да ги надминете разликите и да ја зајакнете регионалната соработка – понекогаш и буквално преку градење мостови и друга инфраструктура -подвлече амбасадорот Бејли.

- Мостот е моќна метафора за врски и напредок. Да се градат мостови значи да се зближат луѓето, да се надминат разликите и да се оди напред. Јас ја гледам Амбасадата на САД како еден таков метафоричен мост, бидејќи работиме со Македонија и со нејзините граѓани врз основа на заеднички вредности со цел да се движиме напред кон остварувањата на заедничките цели, смета Бејли. 

Амбасадорот нагласи и дека мостовите не се работа која се гради само еднаш, туку е многу важно да се одржуваат, а симболичните мостови, вели, што ги градиме меѓу нашите нации преку соработка и размена исто така бараат негување и одржување од сите нас.

- Мора да продолжиме да работиме заедно да ги зајакнеме врските меѓу нашите земји без разлика дали преку проширување на бизнисот и инвестициите, преку нашите заеднички воени вежби, како што е вежбата „Сајбер гардијан“ која ќе се одржи наредниот месец или преку размена на нашите студенти и граѓани. Преку партнерствата тука работиме заедно да градиме посилна иднина за Македонија, иднина во која граѓаните ќе ги уживаат сите бенефиции на демократијата и членството во евроатлантската заедница -порача Бејли.

Годинешното одбележување на 241 година од независност на Соединетите Американски Држави беше во знакот на мостовите, придружен од кусо видео од позначајните мостови во САД од кои многу имаат посебно историско значерње за таа земја, а присутните го проследија и традиционалниот огномет.

САД по војната за независност на 4 Јули 1776 година се одвоија од империјата на Велика Британија како самостојна држава.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ НА ПЛАНИНА И ПОКРАЈ ОГАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ: „Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат“

МИЦКОСКИ НА ПЛАНИНА И ПОКРАЈ ОГАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕМИЕРСКОТО СТОЛЧЕ: „Неколку дена за стратегија и чекорите кои следат“

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

„ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се, предупредуваат метеоролозите

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ