Бејли: На крајот граѓаните ќе мора да одлучат дали сакаат нивното Собрание и политички лидери така да постапуваат
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017
На Денот на НАТО американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли кажа дека САД секогаш ќе ја поддржи интеграција на Македонија во евроатлантските структури.
Во однос на политичката ситуација запрашан за следните чекори доколку не се формира влада набргу амбасадорот вели дека на крајот на краиштата се зависи од институциите, лидерите и од народот да се дојде до разрешница.
„Ние го помагавме дијалогот во договорите во Пржино, но на крајот на краиштата вашите институции се местото каде што ова треба да се разреши. Имате Собрание и таму може да се дискутира за сите прашање.
Но, важно е да одиме напред со формирање на владата. Ако не одиме напред, тоа ќе значи одложувања на одлуки, можеби нереализирање на проекти, и на крајот граѓаните ќе мора да одлучат дали сакаат нивното Собрание и политички лидери така да постапуваат“, рече Бејли.