18 Мај, 2024
0.0274

Beiersdorf нов партнер на Атлантик Група во Македонија

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во средината на март, Атлантик група потпиша договор за соработка за дистрибуција во Македонија со Beiersdorf, глобален козметички производител на брендови за лична нега. Портфолиото на производи кои влегуваат во дистрибутивниот асортиман на Дистрибутивното подрачје Македонија за Атлантик Група, е на водечките позиции во категориите за лична нега -  нега на лице, нега на тело, нега за усни, универзална крем за нега на кожата и козметички производи за мажи. Така, во дистрибутивното портфолиона Атлантик Група на македонскиот пазар ќе бидат додадени уште некои глобално - познати брендови како Nivea, Labello, Hansaplast и Atrix. Вкупната вредност на очекуваната годишна продажба изнесува над 4 милиони евра.

 Продолжува деловната експанзија со реномирани партнери низ целиот регион

"Со новата соработка, Атлантик Група ја потврдува својата стратешка позиција во дистрибуцијата, која подразбира соработка со брендови сонајвисоки стандарди и јасно маркетиншко позиционирање на пазарот. Со вклучување на брендот Нивеа во дистрибутивното портфолио, Атлантик Група денес има вкупно шест, од десетте најдобри регионални брендови (според Valicon истражувањето). Со посебно задоволство ќе продолжиме да го шириме асортиманот во Македонија, зајакнувајќи ја позицијата на  водечки дистрибутер на пазарот", вели Перица Вичишки, извршен директор за дистрибуција во Македонија.

Дистрибутивниот бизнис е важен столб во целокупното работење на Атлантик Група и нејзината севкупна стратегија, што се потврдува и со последниот договор за соработка со Beiersdorf. По постигнувањето на одлични резултати со ширењето на работното портфолио со Red Bull во Србија и Mars групата во Хрватска минатата година, новиот договор за дистрибуција на почетокот на 2019 ја потврдува одлучноста на компанијата секојдневно сè повеќе да се развива.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата