18 Мај, 2024
0.1182

Бегалците од Сирија достигнаа над 4 милиони луѓе, речиси половина се во Турција

Објавено во: Свет 09 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Бројот на бегалците од Сирија надмина 4 милиони, објави Високиот комесаријат на ОН за бегалци во новиот извештај, пренесоа светските агенции.

Тој е зголемен за 1 милион луѓе само во последните 10 месеци, како резултат на вжештувањето на сирискиот конфликт.

Над 4 013 000 лица избегале од Сирија од почетокот на конфликтот пред околу 4 години и 4 месеци.

Други 7,6 милиони Сиријци биле принудени да ги напуштат своите домови, но останале во земјата. Според податоците од јули минатата година населението на Сирија било околу 18 милиони луѓе.

Од соседните држави, најмногу сириски бегалци има во Турција - 1,8 милиони, или 45% од вкупниот број , 1,2 милиони луѓе кои избегале од конфликтот во Сирија во Либан, 630 000 - во Јордан, 250 000 - во Ирак, 130 000 - во Египет, и 24 000 - во други северноафриканска земја.

Во статистиката не влегуваат 270 000 Сиријци кои поднеле барање за азил во европските држави.

Војната во Сирија предизвика и направи и најмногу луѓе во бегалци како резултат на еден конфликт во изминатиот четврт век, истакнал високиот комесар на ОН за бегалци Антониу Гутериш.

Тој изрази жалење дека избеганите од татковината Сиријци имаат потреба од поддршка на светот, но наместо тоа живеат во ужасни услови и заглавени во се поголема сиромаштија. Влошените услови ги одведуваат се повеќе сириски бегалци во Европа и подалеку, но огромното мнозинство останува во регионот, посочил Гутериш.

Се повеќе луѓе кои избегаа од Сирија се во соседните земји, се принудени да питачат, да ги праќаат своите деца на работа или да ги принудуваат да склучат брак, за да преживеат. Бегалците освен тоа доживуваат недостиг на храна и други потребни работи поради недостиг на средства, објави ОН.

Така на пример, 86% од Сиријците во бегалските кампови во Јордан живеат под прагот на сиромаштијата. 55% од нивните сонародници во Либан се сместени во домови кои не одговараат на локалните стандарди. Агенцијата на ОН ги критикуваше земјите донатори дека не обезбедуваат доволно средства на земјата, чиј буџет, пазарот на трудот и јавни услуги се подложени на огромен притисок од бегалскиот прилив. Почетокот на конфликтот во Сирија беше лансиран во март 2011 година со започнувањето на протести против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Оттогаш, тој еволуираше во крвава и комплексна војна со учество на армијата, провладини милиции, курдски сили, бунтовници и џихадисти.

Над 230 000 луѓе беа убиени во Сирија од почетокот на конфликтот, според податоците на ОН.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков