02 Мај, 2024
0.0603

БЕГААТ ОД ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Поради здравствени проблеми со месеци престојуваат во Берово

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во последно време се зголемува бројот на луѓе кои поради проблеми со дишните патишта, бегаат од загадените градови како Скопје, Куманово и месец дена или повеќе поминуваат во Берово на чист воздух.

Луѓето кои издаваат соби и апартмани во Берово велат дека последните две години имаат гости кои кај нив престојуваат и по два- три месеци. Се работи за пензионери кои се слободни во текот на целата година, или семејства со деца кои летниот распуст го поминуваат во Берово.

„Сум имала туристи кои престојувале два – три месеци, и тие беа претежно од Скопје и Куманово. Одат на браната поради чистиот воздух. Тоа биле луѓе кои имале астма, проблеми со бели дробови и затоа сакаат да бидат на чист воздух. За нив цената ја креирам зависно од престојот, односно добиваат попуст“, вели Данче Пипонска, од Берово.

Бистрица Никовска од истиот град објаснува дека Берово отсекогаш било познато по чистиот воздух. Според неа, сега не е како порано, но сепак воздухот во Берово е далеку почист од оној во Скопје.

„Берово е убаво место за одмор. Сум имала гости кои престојувале по три дена, но имало и луѓе кои останувале по две – три недели. Тоа се претежно постари луѓе, пензионери кои немаат обврски, не одат на работа, и кажуваат дека во Берово доаѓаат поради здравствени проблеми, односно за да дишат чист воздух“, рече Никовска.

Но, освен туристи има и повратници, луѓе кои поради наоѓање на работа претходно заминале од Берово, а кога се во поодминати години се враќаат.

„Обично откако ќе отидат во пензија им ги отстапуваат становите на децата во Скопје и тие си се враќаат во Берово и има се' повеќе стари куќи кои се реновираат таму. Еве и ние здравје боже да дочекаме пензионирање, имаме намера да се вратиме во Берово да живееме. Таму е се' поедноставно и поубаво, воздухот, климата, луѓето, темпото на живот... Има и такви млади парови што имаат услови да дојдат во Скопје, пример родителите им се поимотни и имале можност да им купат стан, а и работа можат да најдат во Скопје, но се одлучуваат да живеат во Берово. Мислам дека полека луѓето стануваат свесни за убавините на животот во помалите, помирни места“, раскажува Маја Скендерска Чамуровска, беровчанка која работи во главниот град.

Лекарите велат дека бенефити по здравјето има и се препорачува доколку се во можност одредени категории граѓани да престојуваат на места каде воздухот не е загаден.

„Тоа е добро за луѓето со астма, со хронични заболувања, за деца, но и за трудници доколку имаат проблеми“, вели општ лекар.

Во Скопје, Тетово, Куманово, Битола, па и Струмица воздухот е неколку пати позагаден од дозволеното. Оваа зима се случуваше во одредени градови да има над 1000 ПМ честички на 100 микрограми воздух, што е поразително, но и штетно за здравјето. Лекарите алармираат дека поради загадениот воздух се зголемува бројот на заболени од канцер. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично