Беџети тврди дека ДУИ го има клучот за решавање на кризата, но дека се прави во корист на ВМРО ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 13 Април, 2017
Професорот Абдулменаф Беџети во изјава за порталот МКД оценува дека ДУИ го има клучот за решавање на кризата, но не е искрена во намерата до крај.
Беџети вели дека ДУИ го прави сето ова намерно и во корист на ВМРО ДПМНЕ.
Блокадата според ќе се случи само со притисокот на меѓународната заедница.
„Клучот за решавање на институционалната криза во Македонија е кај ДУИ, но не верувам дека оттаму сакаат решение до крај. Решението го гледам само во притисокот од меѓународната заедница кон ДУИ, за да се дојде до деблокада на системот. ДУИ не е ослободена од она за што биле закачена. Овде мислам на дел од раководната структура на партијата. Тие луѓе од партијата се закачени многу лошо и во тоа е проблемот“, посочува професорот.
Тој смета дека е потребно ДУИ да ги повлече своите луѓе од институциите, но не само министрите во владата, туку и директорите на институции, или „буквално, сите свои луѓе“.
Во спротивно, ваквата состојба долго ќе трае.