06 Декември, 2025
0.0304

БДП ВО ЕВРОЗОНАТА: Рекорден пад поради корона кризата

Објавено во: Економија, Корона Вирус 30 Април, 2020 16:32

Добивај вести на Viber

БДП во евро зоната падна за рекордни 3,8 отсто во првиот квартал. 

Ова е  најголем  пад од 1995 година. 

Податоците за втор квартал би можеле да бидат многу полоши.

Француската економија се намали на 5,8 отсто во првите три месеци од 2020 година. 

Економијата на еврозоната се намали за 3,8 отсто во првиот квартал, во однос на последните три месеци од 2019 година, бидејќи пандемијата на коронавирус сериозно влијаеше на деловната активност.

19-члената евро-зона е меѓу најтешко погодените од Ковид-19. Германија, Франција, Шпанија и Италија - четирите најголеми економии  се меѓу првите шест земји во светот со најголем број инфицирани. Строгите мерки во поголемиот дел од еврозоната значат дека сите несуштински услуги се затворени веќе неколку недели, анализира cnbc.

Италија беше првата европска земја што воведе мерки на национално ниво, почнувајќи од 10 март. Така, податоците од втор квартал би можеле да бидат многу полоши бидејќи строгите мерки само што започнуваат да се укинуваат постепено во некои земји.

Франција влегува во техничка рецесија.

Француската економија има пад од 5,8 отсто во првите три месеци од 2020 година, во споредба со последниот квартал на 2019 година, според канцеларијата за статистика на земјата. Ова беше најостриот пад откако започнаа записите во 1949 година.

Втората по големина економија во регионот падна за 0,1 отсто во последниот квартал од 2019 година.

Земјата ги ублажува дел од мерките од 11 мај. Сепак, аналитичарите изразија загриженост дека Париз ќе се соочи со многу поголеми економски предизвици од соседна Германија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?