18 Мај, 2024
0.0263

БДП: Економијата расте, стандардот под мраз!

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Заводот за статистика ја ревидираше стапката на економски раст во 2014 година. Наместо за 3,8%, новите мерења покажале дека лани економијата пораснала за 3,5%. Домашната експретска јавност оценува дека со вакви стапки на раст на БДП, кои не можат да се одржат во континуитет, не може да се очекува значајно подобрување на животниот стандард. Според европската статистика, македонскиот стандард изнесува 36% во однос на европскиот просек. За 23 години – највисок раст од 6,5% во 2007 ... Највисоката стапка на економски раст беше измерена во 2007 година од 6,5%. Тоа е практично и највисокото ниво на измерен економски раст од 1993 та година. Според податоците на надлежните институции, земјава во целиот овој период не успеа да испорача континуирани и одржливи стапки на раст. Имено, во овие  23 години, дури  шест години се во знакот на криза, со негативна стапка на раст. Еве како се движеше растот ан БДП од 2007 година: Раст на БДП :  2007    6,5% 2008    5,5% 2009   -0,4% 2010    3,4% 2011    2,3% 2012    -0,5% 2013     2,7% 2014     3,5% За годинава, растот е проектиран на 3,5% додека за догодина повтрно е исцртана оптимистичка проекција за раст од 4%. Според дел од економистите проблематично е што овие стапки не се проследени со соодветни буџетскит трошења и дефицити. Според аналитичарот Зоран Витанов, Македонија во последните осум години двојно го зголеми буџетот, а просечната стапка на раст се движи околу 3 отсто. “Ние во изминатите години креираме гломазни буџети кои не се проследени со соодватена стапка на економски раст. Исто се случува и со годинашниот Буџет. На македонската економија реално и е потребна стапка на раст од 12% во период од 10 години за да може да издржи еден ваков гломазен Буџет без задолжуавња. Објаснето на едноставен начин, ако сега трошам 1000 евра а догдоина планирам да потрошам 2 000 евра, но платата ќе ми порасне само 4%, од каде ќе ги обезбедам кусокот на пари, освен преку кредит. Тоа сега и се случува на економијата“. Во последниот Извештај на Светска Банка беше посочено дека на Македонија ќе и бидата потребни 30 години и стапка на раст од 4,5% за да стаса до европскиот просек. “Со раст од 4,5 % на Македонија ќе и требаат 30 години да го достигне нивото на Европската Унија, под претпоставка дека растот во ЕУ би бил 0,5 % годишно“, изјави Бојан Шимбов, економист во Светска банка. Сепак, прогнозата на Светска Банка, дека економијата годинава ќе испорача раст од 3,2%, е добра вест за Македонија, смета министерот за финансии Зоран Ставрески. “Тоа е добро бидејќи имавме сложена политичка ситуација и растот на индустријата во такви околности претставува силен одговор на стопанството дека политичката стабилност и долгорочните економски политики се најдобрите и најважните услови за раст на економијата. Сметам дека остварениот раст е значаен бидејќи опфаќа широк број на гранки во индустријата, а посебно преработувачката индустрија како стожер на индустриското производство расте со 8,5 проценти во август. Ниски стапки на раст – висока цена ..  Македонската економија испорачува неодржливи стапки на раст а и тие што се се реализираат имаат висока цена, смета економистот Крсте Шајноски. “Неколку години по ред,  вкупниот буџет  расте со повисока динамика  од растот на БДП. Тоа значи дека преку буџетската потрошувачка повеќе се поткопува, отколку што се поттикнува растот преку  „капитални инвестиции“  од буџетот. Ова е сериозен проблем доколку се има предвид дека бруто инвестициите во земјата (државни, приватни и странски) во 2014 година го достигнаа максимумот од 30,6% од БДП, а просечната стапка на растот во изминатите неколку години е околу 3%.  Значи, многу трошиме за недоволно ефекти. Трошиме многу повеќе средства за остварување на еден процентен поен БДП, отколку многу други земји, а и од првите две-три години на владеењето на оваа власт, кога со речиси дупло помал буџет реализираа дупло повисока динамика на растот на БДП. Долго ќе се жали за изгубените можности. Но, тие не можат да се вратат. Може само да се надеваме дека за тоа некого и негде ќе го стигне казна“, констатира Шајноски. Причината за недоволните економски резултати, според економистите треба да се бара подлабоко во системот. “Независноста на судството, спроведувањето на договорот, заштитата на сопственичките права, владеењето на правото ,корупцијата, сите тие елементи веќе неколку години влијаат на самата бизнис клима и опкружувањето во кое што работат субјектите. Ако  на ова ги додадеме и ефектите кои што ги има политичката криза, тогаш очекувано е дека ќе имаме забавување на економијата. Ние немаме проблем само со политичката криза, веќе неколку години наназад и во самите извештаи и од Европската комисија и од Меѓународниот монетарен фонд се нотира дека имаме проблеми во самиот систем кои се постојани, кои што создваат неизвеснот кај инвеститорите да донесат одлука дека можат да функционираат во нашата земја“, изјави за “Фактор“ професорката Шенај Хаџимустафа.  Според европската статистика, македонските граѓани се во групата на најсиромашни, со стандард кој изнесува само 36% во однос на европскиот просек.            

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа