18 Мај, 2024
0.0288

Барате работа? Погледнете ги огласите, можеби среќата е на ваша страна!

Објавено во: Мои пари 10 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Се со цел да ги задоволиме потребите на нашите читатели на кои им нудиме само квалитетни вести кои го заслужуваат нашето и нивно внимание, секоја недела ќе споделуваме корисни информации како што се понудите за вработување од страна на наши македонски компании, фирми, претпријатија.

Информациите ќе ги вклучуваат најдобрите работни места кои во моментов се во понудата на работодавците од специјализираниот портал факултети.мк .

-Компанијата Жито Лукс АД Скопје е основана во 1946 г. во Скопје. Со повеќе од 60 години традиција во производството и продажбата на леб, брашно и печива, Жито Лукс е една од водечките компании на пазарот во Р. Македонија во областа на производството на храна, а воедно и водечка компанија во производството на леб и брашно. Во 2001 г., компанијата Жито Лукс стана членка на интернационалната групација на компании, Елбиско Холдинг С.А., која е и доминантен акционер. На оваа компанија и е потребен Product / Brand Manager for Marketing Department.

-Зегин ДОО е прва приватна компаниjа регистрирана за продажба и производство на лекови во Република Македонија во 1989. Денес, бројот на вработени е над  500, од кои 300 имаат универзитетска диплома, 200 од нив имаат диплома по фармација и 20 се доктори на медицина. Останатите имаат диплома по економија, право, технологија, ветерината и инженеринг. Во моментов оваа компанија има потреба од Дипломирани фармацевти и Фармацевтски техничари. Огласот е објавен на 2 февруари а аплицирањето трае до 17 февруари .

-“Влахо Хотел“ ново изграден, модерен и луксузен хотел, кој се наоѓа на атрактивна локација, има потреба од вработување на Рецепционерка.

-Forton Македонија е советодавна компанија фокусирана на комерцијални недвижности. Подружница е на Forton International и најголемиот холдинг за недвижнини во  Бугарија AG Capital, партнер на алијансата Cushman & Wakefield, најголемaта светска советодавна компанија за недвижнини за Бугарија, Србија, Македонија и Косово. За потребите на Forton Македонија, регрутира кандидати со интерес за вработување на работна позиција: ПРОДАЖЕН КОНСУЛТАНТ – БРОКЕР ЗА НЕДВИЖНИНИ (2 работни места за резиденцијални објекти, 1 работно место за малопродажни објекти, 1 работно место за индустриски објекти).

-Работењето во Студио модерна нуди многу можности за градење на професионалното знаење и вештини. Високо квалитетните тренинзи за продажни и комуникациски вештини Ви даваат можност да го максимизирате вашиот резултат и да постигнете врвни резултати во продажбата.  Сега имате одлична можност да бидете АГЕНТ ЗА ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА на светски познатите брендови: ДОРМЕО, ТОП ШОП, ВОКМАКС, ДЕЛИМАНО.

-НАМИКО е професионална агенција за организирање на настани која инспирира и создава уникатни настани и програми во Македонија.Нивниот бренд GoMacedonia - првата агенција специјализирана за активен туризам кај нас, поседува долгогодишно искуство и знаење во организирање и водење на креативни тури и тим билдинзи.  Искористете ја можноста да станете дел од тимот кој креира неповторливи искуства во Македонија ОРГАНИЗАТОР НА ПАТУВАЊА И ТИМ БИЛДИНГ НАСТАНИ, 1 работно место.

-Carrefour компанијата која постои 40 години и е водечка во својата дејност со повеќе од 475 000 вработени во повеќе од 35 земји во светот, со што се декларира во првите 113 најработодавци во светот. Оваа компанија во моментов има потреба од касиери а се што треба да поседувате за да ги исполните условите на оваа компанија.

-ГЛОБАЛВОРК ИНТЕР е агенција за посредување при вработување во земјата и странство со наплата, со број на лиценца 08-4792/5 издадена од Министерство за труд и социјална политика.  Pre-opening Hotel in Doha - Managed by reputed,  Hotels Group. Ќе дојдат лично да интервјуираат наши кандидати на крај на февруари 2014 год, за следниве позиции: Guest Relations Officer, Outlet Manager - F&B, Hostess - All Day Dining, Waiter - All Day Dining, Waitress - Coffee Lounge и многу други.

-СП МАРКЕТ има потреба од Продажен персонал.

-Optimum HR е агенција со број на лиценца 08-11026/1 издадена од Министерство за труд и социјална политика за вршење на дејност за посредување при вработување во земјава и во странство со наплата.

ЕКСКЛУЗИВНА ПРОДАВНИЦА ЗА КОЗМЕТИКА ВО АБУ ДАБИ има потреба од ПРОДАВАЧКИ И ПРОДАВАЧИ.
Работoдавачот нуди:
  • Одлична работна средина;
  • Плата + бонуси:
  • Авионски повратен билет;
  • Здравствено осигурување;
  • Работна виза на две години;
  • Годишен платен одмор од 21 дена;
  • Сместување;
  • Превоз од работното место до апартманот;
  • Оброци.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата