15 Мај, 2024
0.0299

БАРАЈТЕ ГО ОНА ЗА КОЕ СОНУВАТЕ: Кога е вистинско време за вашите „Кариерни промени“?

Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Според едно истражување на Gallup, 87% од вработените во светот не се ангажирани за време на работа. Ова е огромен процент на луѓе кои не се посветени на својата работа. А штом не даваат барем 80% од себе за да се совршени, значи не се 100% сигурни во свој кариерен избор. 

А Вие, мислите ли дека сте дел од оние 87% кои не се вклучени доволно во работата? 

Еве и кои се некои од симптомите на оваа "кариерна болест": Дали сте подготвени за кариерни промени? 

1. Оваа кариера не ви овозможува да се фокусирате на приоритетите 

Што навистина е важно за Вас? Што всушност сакате да постигнете во животот? Како сакате да го трошите вашето време? Исклучително важно е да процените какви се вашите приоритети. Задржувањето на најголемите соништа за пензионирање е ризичен потег. Ако тековната кариера не Ви овозможува да се фокусирате во живот на она што навистина е важно за вас, тогаш е време сериозно да ја разгледате можноста за промена. 

2. Им завидувате на луѓето со други професии 

Обрнете внимание на тоа како се чувствувате кога други луѓе зборуваат за својата работа. Ако им завидувате, видете на што точно им завидувате - дали е работното време, дали се привилегиите или платата? Ако се фатите да мислите „треба да биде убаво ...“, кога луѓето зборуваат за својата работа, можеби е време и за вас да размислите за промена на работното место.

3. Се чувствувате неспокојни

Можеби сте постигнале одлична кариера работејќи за тековната компанија, но чувствувате дека сакате да пробате нешто ново. Обрнете внимание на таа своја желба, можеби треба да ја следите. 

4. Секој петок е празник

Петоците се прекрасно време од седмицата, но дали е можно да има работа со која нема да го чекате само последниот работен ден од седмицата? Дали е можно во понеделникот да сте исто толку среќни колку и во петок? Да, има и такви професии, додека го преживеувате вистинското место во вистинското време и најважно да го сакате она што го правите. 

Осмелете се да го барате во својот живот она за што сонувате. Ослободете ги желбите, бидејќи ако чекате премногу долго, нема да има кога да го најдете она што всушност го барате.

Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка