17 Мај, 2024
0.0448

Банките активираат хипотеки од фирми и граѓани

Објавено во: Финансии 08 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Расте бројот на активирани банкарски гаранции за компаниите што не можат навреме да ги подмируваат обврските, потврдуваат за Фактор од поголемите банкaрски групации. Народната Бaнк, пак веќе објави дека има благо намалување на кредитниот ризик на кој се изложени банките  поради зголемената наплата преку преземање на обезбедувањата. Од поголемите банки објаснуваат дека се зголемил и бројот на активирани хипотеки за наплата на долговите и од граѓаните. Во меѓувреме, поради влошување на финансиската кондиција на приватниот сектор освен што фирмите не можат навреме да ги сервисираат обврските,  тие ги трошат и депозитите. Во јули и во август последователно  е регистриран тренд на намалување на депозитната база на приватниот сектор. За разлика од стартот на годинава, кога банкарите коментираа дека фирмите ги полнат сметките, сега на истекот од годината се случува повлекување на депозитите . Депозити на фирмите во 2012
2012 август

-5.9%

2012 јули

-0.9%

2012 II квартал

0.8%

2012  I квартал

6.2%

Анализирано од аспект на апсолутни бројки, депозитите на фирмите во август изнесувале 857 милиони евра додека во јули 882 милиони евра, или намалување на депозитната база за околу 25 милиони евра само за еден месец. Додека кај депозитите на приватниот сектор има одлив, кај штедењето на граѓаните се забележува зголемување, но не доволно за да се оставари планираната и проектираната стапка на пораст на депозитите. Додека параметрите укажуваат дека кондицијата на приватниот сектор се влошува , банките среде криза прикажаа добивки. Иако банкарите сметаат дека вториот квартал од годинава  може да се смета за поуспешен од минатогодишниот, остануваат на ставот дека ризиците сеуште ги ограничуваат банкарските пласмани . “Банките и натаму ги зајакнуваат кредитните критериуми. Поради ризиците и кризата и натаму се финасираат исклучиво првокласни клиенти и издржани бизнис- прокети . По отворањето на Кредитното Биро, кое води евиденција за задолженоста на клиентите, ретко која банка би се осудила да даде кредит на клиент од Б или В категорија “ – коментираа банкари за Фактор . Последните податоци на НБМ укажуваат дека вкупната кредитна активност на ниво на целиот банкарски сектор е пониска од проектираната, а поради неизвесноста од должничката криза и “нишањето“ на стабилноста на Еврото , за прв пат по 2007 ма година, на крајот на вториот квартал од 2012та, депозитите во денари ги надминаа депозитите во девизи, зафаќајќи 50,7% од вкупната депозитна база. Според последните располжливи податоци вкупните депозити во банките достигнаа 3,8 милијарди евра додека вкупните кредити 3,5 милијарди евра . Дали банките ќе ја олабават каматната политика, дали ќе растат или ќе се зголемуваат ризичните пласмани, ќе го зголемат ли фирмите и граѓаните штедењето, сето ова зависи од трендовите во европа, која според НБМ сеуште е во зоната на ризик, со продолжена неизвесност и неповолни тенденции кај економската активност .

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници