17 Мај, 2024
0.0293

БАНКАРСКИТЕ КАМАТИ ЈА „ПРОБИЈА“ ГРАНИЦАТА ОД 5 ОТСТО, А ПОВЕЌЕ РИПНАА ОНИЕ ЗА ФИРМИТЕ - нема веќе евтини кредити, инфлацијата го зема својот данок

Објавено во: Финансии 01 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Високата инфлација и поголемиот број интервенции од централната банка во насока на зголемување на референтната каматна стапка, полека но сигурно си го земаат својот данок. Имено, се поскапи стануваат кредитите што ги одобруваат деловните банки.

Најновите податоци што ги објави Народна банка на Македонија говорат за една многу непријатна работа, а таа е дека каматната стапка на новоодобрените кредити ја надмина психолошката граница од 5 отсто, нешто што не се случило со години наназад.

Имено, на крајот на јануари оваа година камтаната стапка на новоодобрените кредити достигнала 5,07 отсто, наспроти 4,83 проценти колку што изнесувала еден месец претходно, односно во декемвр лани.

Она што е уште полошо, е дека кредитите стануваат се поскапи и за компаниите, бидејќи за нив каматата за новоодобрените кредити е уште повисока и изнесува дури 5,19 отсто. А добро е познато дека за развојот на компаниите е пресудно да користат поволни кредити од банкарските институции, но и да не им се тешки условите за добивање на заем.

Инаку, фирмите во едно не така далечно време мака мачеа со скапите банкарски кредити и недостигот од поволни заеми. Потоа, кога НБМ ја спушти каматата до историски најниското ниво, а се зголеми и конкуренцијата во банкарскиот сектор, значајно се намалија каматните стапки за корпоративните заеми, што беше значаен поттик за бизнисот. Но, за жал, тоа време помина и кредитите за фимите стануваат се поскапи.

„Откако почна кризата и нападна инфлацијата банките за три пати ни ги поскапеа кредитите“, вели директорот на една од поголемите компании во земјава, која е значаен извозник и контрибутор во создавањето на бруто-домашниот производ на земјава.

Само за илустрација, во јануари минатата година каматната стапка на новоодобрените кредити изнесувала 3,84 отсто, што значи дека за една година имаме прилично значаен пораст на кматните стапки.

„Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во јануари, бележи месечен раст од 0,17 процентни поени и изнесува 5,19 отсто. Месечното зголемување е резултат на растот на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,72 п.п. и 0,50 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,95 п.п.). Споредено на годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е зголемена за 1,71 процентни поени“, се вели во извештајот од централната банка.

Пораст има и кај каматната стапка на вкупните кредити, и таа во јануари изнесува 4,98 отсто, што значи дека опасно се доближува до пет проценти, откако во декември лани била на ниво од 4,44 отсто.

„Во јануари, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,76 процентни поени и изнесува 4,60 отсто. Промената се должи на повисоките каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 1,67 п.п. и 1,02 п.п., соодветно), при остварен раст и на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,39 п.п.). На годишно ниво, оваа каматна стапка бележи зголемување од 1,15 п.п“, се вели во соопштението.

Последното зголемување на основната камата од НБМ се случи на 9 февруари, кога таа отиде нагоре за 0,5 процентни поени и достигна 5,25 отсто.

„Со овие промени, Народната банка и на почетокот на оваа година продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, преку примена на повеќе инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок“, изјавија тогаш од Народната банка.

На седницата било утврдено дека остварувањата кај клучните макроекономски показатели главно се во согласност со очекуваните. 

„Сепак, амбиентот за спроведување на монетарната политика и натаму е неизвесен и бара претпазливост. Вкупната инфлација почна да забавува кон крајот на минатата година, во согласност и со намалувањето на светските цени, а се очекува дека овој тренд ќе продолжи и во тековната година. Сепак, со оглед на силината и долготрајноста на надворешните ценовни шокови, и покрај поволните поместувања, инфлацијата и натаму е на повисоко ниво и наметнува потреба од внимателно следење на инфлациските очекувања“, потенцираа од НБМ.

Н.Н.Ф.

Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници