БАНКАРИТЕ ОТКРИВААТ: Која валута е најефтина?
Објавено во: Економија, Свет 25 Мај, 2016
Аналитичари од истражувачката група „Глобал рисерч“ од Дојче Банка сметаат дека до денес најефтина валута е полската злота, пренесува Бизнис инсајдер.
Во извештајот на групата економисти под раководство на Алан Раскин и Џорџ Саравелос се наведува дека полската валута котира „исклучително ефтино“ и дека е потценета за околу 10 одсто.
Истовремено, експертите најавуваат дека курсот на злотата ќе расте.
Валутата ќе ја поддржи високиот показател на бизнис активности, ниската невработеност и порастот на заработка.
Злотата — е парична единица на Полска од 1924 година. Една злота се дели на 100 гроша.
Инфлацијата во април 2015 г. изнесувала -1,3%.