30 Април, 2024
0.0296

БАНКАРИТЕ НИ КОРОНА НИ КРИЗА НЕ ГИ БИЕ: Во јуни платата им пораснала за 20 отсто во однос на мај

Објавено во: Македонија 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Просечна нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари, што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто. 

Јунската плата се зголемила дури и во однос на претходниот месец, мај, за 1,8 отсто, може да се види од табелата на Државниот завод за статистика. 

Како што е познато, владата излезе со мерки за помош на компаниите за полесно пребродување на ковид кризата, а една од нив беше помош за работодавачите за исплата на плати за своите вработени. 

Првично таа мерка беше одредена да важи за месеците април и мај, но подоцна власта одлучи поддршката за фирмите да ја продолжи и за јуни. 

А од податоците на Државниот завод за статистика, може да се види дека меѓу најмногу зголемените плати, се оние на банкарите во земјава. Односно, како што може да се види од бројките, платите во отсекот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови, каде што всушност влегуваат банките, се зголемени за 20 отсто во јуни во однос на мај, додека, пак, во јуни годинава во однос на истиот месец лани, се зголемени за 23 проценти. 

Или, банкарските плати во јуни изнесувале во просек 54.276 денари, говорат податоците на статистика.  

„Зголемувањето на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната нето плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,7 проценти), Рударство и вадење на камен (15,2 отсто) и Образование (12,6 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1 отсто), Рударство и вадење на камен (6,3 отсто) и Стручни, научни и технички дејности (4,3 проценти). Растот на просечната бруто плата во јуни 2020 година се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната бруто плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,5 отсто), Рударство и вадење камен (15,9 отсто) и Образование (13,6 проценти). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1 отсто), Рударство и вадење на камен (6,5 проценти) и Преработувачка индустрија (4,2 отсто)“, се вели во соопштението од Државниот завод за статистика.

Фактор пишуваше дека по настаните околу Еуростандард банка, граѓаните продолжуваат во банките да ги чуваат своите пари, и не ги повлекуваат своите штедни влогови. 

Можеби ќе ве интересира

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени