18 Мај, 2024
0.0272

„Банкари, учете од трансвеститите“!

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Герит Залм, претседател на холандската банка АБН Амро, пробал нов пристап во обид да ги направи корпоративните говори поинтересни. Тој на вработените им се обратил облечен како трансвестит - во светло син фустан, златни ракавици и перика на глава. Како што пренесува „Хафингтон пост“, поранешниот холандски минситер за финансии се појавил на собирот преправен како неговата „сестра“ Присила, сопственичка на бордел, објаснувајќи дека банкарските работници би можеле многу да научат од „неа“. „Правилото дека муштеријата е секогаш во право, важи со векови. Тоа мото и понатаму е на сила во мојата бранша. А банките неодамна слушнаа за него“, рече алтер егото на Залм. Присила објаснила дека нејзиниот брат ја држел во тајност, бидејќи бил љубоморен на нејзините претприемнички способности како успешна сопственичка на јавна куќа, додека он е само еден од вработените, и тоа во државна банка. „Тој би сакал да се занимава со мојата работа, но нема потенцијал за тоа“, истакнала Присила и додала дека „банката може многу да научи од нејзината компанија“. Видео снимката со говорот на Залм е прегледана повеќе од 75.000 пати откако се најде на интернет. Објаснувајќи го неговиот перформанс, портпаролот на АБН Амро, во изјава за BBC рекол дека банката има традиција на кабаретски шеги и дека вработените организираат вакви забави од 2005 година. Залм стана претседател на управниот одбор на банката во 2009 година. Конзорциумот на меѓународни лидери, меѓу кои РБС, Сантандер и Фортис, ја купи оваа холандска банка во 2007 година за 70 милијарди евра. На почетокот од глобалната финансиска криза, холандската влада ја спаси АБН Амро со 30 милијарди евра. Говорот на Залм можете да го погледнете во видеото http://www.youtube.com/watch?v=w2dvJGc8uL8 А.А.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата