14 Мај, 2024
0.1731

Бан Ки Мун од Обединети Нации до претседател на Јужна Кореја?

Објавено во: Свет 17 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Досегашниот генерален секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун навести дека би можел да се кандидира за претседател на Јужна Кореја, откако во неговата родна земја изби корупциска скандал во високата политика, па опозициските партии се надеваат дека неговата популарност може да биде пресудна за да ја освои функцијата.

Неговиот мандат формално истекува на 31 декември, по што тој од претходно има изјавено дека ќе се врати во Сеул.

На својата последна прес-конференција, како генерален секретар на ОН, Бан објасни дека по враќањето, ќе сака малку да се одмори, а потоа дека би сакал да и помогне на својата земја.

Редовните претседателски избори во Јужна Кореја се предвидени за декември 2017 година, но тие вонредно, би можеле да се одржат за два месеци, доколку се изгласа импичмент за актулената претседателка Парк Гуен Хуе.

Таа е обвинета за корупцискиот скандал што со месеци ја потресува политичката сцена на оваа далекуисточна земја, затоа што и помагала на својата блиска пријателка, да прави големи зделки со државни компании, користејќи ја блискоста со Парк.

Парламентот веќе изгласа отворање на постапката за импичмент со помош и на гласовите од владеачката партија на Парк.

Во тек е постапката пред Уставниот суд, кој во рок од 180 денови треба да пресуди дали ќе ја прифати одлуката на Парламентот.

Доколку биде потврден импичмент, Парк ќе биде првиот шеф на државата во 60-годишната историја на јужнокорејската демократија, што ќе биде тргнат од својата функција.

Навестувањето на Бан за кандидирање на претседателските избори, доаѓа во време кога осум недели по ред, Јужнокорејците одржуваат демонстрации во Сеул, во кои бараат заминување на Парк.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи