Балканската рута не е затворена, туку е пренасочена?
Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2017
Фондацијата Фридрих Еберт соопштува дека Балканската рута не е затворена како што предвидуваше со договорот меѓу Турција и ЕУ, туку е пренасочена преку Бугарија.
Според нивни податоци до крјаот на 2016 година во Србија имало 6.322, а во Бугарија 5.534 баратели на азил.
Се наведува дека на бугарско - турската и на бугарско - српската граница имало преминувања.
Такви промени имало и на македонско - српската и српско - унгарска граница, како и на граница меѓу Унгарија и Хрватска.
Се наведува дека Бугарија, но и земјите кои не се во ЕУ, како Македонија и Србија се затечени во средина со мигранти кои кај нив не сакаат останат, а идните чекори ќе зависат од договорот меѓу ЕУ и Турција.