04 Мај, 2024
0.0241

Балканот ќе остане покус за „Јужен тек“, каде да се фокусира Македонија?

Објавено во: Балкан 08 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Изградбата на рускиот гасовод „Јужен Поток“ кон Балканот е суспендирана. Политичката криза во Украина го испровоцира Брисел целосно да се запре издавањето на дозволите што се потребни за изградба на гасоводот. Јужен тек е предвидено да поминува под Црно Море, потоа низ членката на ЕУ, Бугарија, преку Србија, па Хрватска, која исто така е членка на ЕУ,  и се до Австрија, од каде гасот ќе се упатува кон останатите европски земји. СДСМ за ТАП и Јужен тек, ВМРО-ДПМНЕ го форсира Јужен тек Во изборните програми на политичките партии во земјава – концептите за гасификација на Македонија се различни. Во изборната програма на СДСМ вклучени се проектите Јужен Тек и ТАП, за разлика од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ каде е предвиден само проект за гасификација само со  Јужен Тек . „Зависно од прогресот во реализација на меѓународниот гасоводен систем “Јужен тек” и неговата изградба во регионот, ќе преземеме активности за поврзување на Република Македонија кон овој гасовод, стои во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Во изборната програма на СДСМ пак пишува дека: „ Приклучување кон „Јужен тек“ ќе биде во согласност со правилата за внатрешниот пазар на енергија на Европската унија, но се додава дека ќе оди на приклучување кон гасоводот на ТАП (Trans Adriatic Pipeline), со што ќе се обезбеди диверзификација на снабдувањето со природен гас, а особено поефикасна гасификација на југозападна Македонија“, е наведено во програмата на СДСМ.   Неизвесна е судбината на “Јужен тек“ Македонија треба под итно да размислува на Трансјадранскиот гасовод ТАП, а не да биде фокусирана само на гасоводот „Јужен тек“, чија реализација доправа ќе се проблематизира, сметаат дел од аналитичарите. „Тоа е проект кој поминува многу блиску до Македонската граница, но за мене од неразбирливи причини македонскиот политички естаблишмент нема никаков интерес за овој проект. Под итно мора  да се фати приклучок кон овој мега транзитен гасовод, и по можност Македонија да биде на транзитната траса на истиот гасовод кон Косово, Бугарија и Србија. Најодговорно тврдам дека возможност за реализација има како од технички така и на економски и еколошки аспект“, вели за Фактор Митко Андреевски, енергетски консултант и аналитичар. Според него, по должината на нафтоводот Солун - Скопје може многу брзо да се реализира ваков проект бидејки трасата е дефинирана и со завршена експропријација на земјише и изработен еколошки проект, како и изработен и утвредн просторен план. Иако, Брисел прво остро реагираше на Јужен тек, пред извесно време се лиферуваше информацијата дека Москва и Брисел ќе најдат заедничко решение за гасоводот,  без ревизија на меѓу-државните спогодби со земјите низ кои минува овој енергетски проект. Сепак, сега Брисел одлучи да го суспендира, испровоциран од кризата во Украина. Но, проектот „Јужен Тек„ се соочува со огромни политички проблеми уште од неговиот старт - кога сеуште беше само идеа, велат аналитичарите. А проблемите стартуваа уште со гасната криза помеѓу Украина и Русија во декември  2005 јануари 2006. По таа гасна криза „западот„ почна да ги анализира алтернативите за снабдување со природен  гас (НАБУКО и ТАП), бидејки беше евидентно дека Руско Украинскиот спор може да го наруши стабилното и безбедното снабдување со гас во делови од Југоисточна Европа. Од друга страна Русија почна да го разработува проектот Јужен Тек кој има за цел заобиколување на Украина., објаснуваат аналитичарите. Според Андреевски, проектот и покрај тоа што во него учествуваат еминентни компании од ЕУ, никогаш ја немаше поддршката од ЕУ, со самиот факт дека Гаспром во најголем дел е државна компанија од Русија во која менаџментот го сочинуваат персони од политички естаблишмент на Руската Федерација со силни политички одлуки кои имаат влијание на цената, сигурноста и квантитетот на испорачаниот природен гас. Тешко да се прогнозира иднината на проектот, но познавачите во иднина очекуваат на површина да испливат повеќе проблеми. А веќе се посочува проблемот со Бугарија како земја во која според информациите нема никакви позначајни активности, додека пак во Србија реализацијата е блокирана поради необезбедување на гаранција од тамошната владата во висина од 75 милиони долари. Македонија потпиша Спогодба за соработка за изградба на гасоводен крак од проекто Јужен тек.  Во таа спогодба во член 2 пишува; „ Страните извршуваат анализа, чија цел е одредување на техничка, економска, еколошка и финасиска оправданост на реализација на проектот гасовод-крак.„ Според податоците на Државниот завод за статистика за потрошувачката на енергенти, може многу лесно да се заклучи дека економска оправданост проектот крак од „Јужен Тек“  не постои. Исто така како поткрепа на горе наведеното е и досегашните количини на гас кои и беа потребни на Македонија, смета Андреевски. Дополнително, исплатливоста на овој проект во Макеоднија се доведува во прашање и откако Косово го одби да биде дел од „Јужен тек“ и најави дека се приклучува кон Јадранскиот гасовод – ТАП. Паскал : ТАП е алтернатива за Јужен тек Дека изградбата на рускиот гасовод „Јужен Поток“ кон Балканот е суспендирана, обелодени високиот американски дипломат и поранешен пратеник за меѓународни енергетски прашања, задолжен за енергетската политика на САД кон светот, амбасадорот Карлос Паскал. „Јужен тек“ е многу важно прашање. Тој нема да донесе нови количества на гас во Европа, туку само ќе пренасочи гас кој сега минува низ Украина преку друг гасовод. За да можеме да го изградиме овој гасовод, „Газпром“ и нивните партнери мора да добијат огромен број дозволи од Европската Унија. ЕУ најави дека го суспендирала тој процес и нема да дозволи нови чекори во таа насока. Нема банка која ќе одобри средства за изградба на гасоводот доколку нема дозволи од Европската унија, така што проектот сега е запрен и нема перспектива да оди напред, изјави Паскал. Тој при тоа посочи ека ЕУ, како главна бирократска пречка за изградба на гасоводот, ќе ја користи монополската позиција на „Газпром“ во Русија. При тоа ќе се бара реципроцитетно отворање на пазарот пред да може оваа компанија да влезе на Европскиот пазар. Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, потенцираше дека неговата земја се надева оти работите ќе се одвиваат според предбиденото. А, Бугарија е првата алка во низата на „Јужен тек“, кој ќе треба да достави гас и до Македонија, преку помала снабдувачка линија која ќе поминува од Србија или евентуално од Бугарија. „И покрај суспензијата на работата во Брисел, техничките работи за гасоводот не се запрени. Кризата во Украина нема да биде долгорочна закана за реализирањето на „Јужен тек“, изјави Вигенин. Паскал најави дека во отсуство на „Јужен тек“, единствената реална опција за снабдување на Балканот со гас, е гасоводот ТАП на гигантот БП. Овој гасовод треба да донесе азербејџански гас, кој ќе биде нов производ на европскиот пазар, преку Турција, Грција, Албанија и Јонско Море до Италија.  А, за надоместување на штетата која Балканот ќе ја претрпи од забраната на „Јужен Поток“, потребно е да се изгради крак од ТАП кон Бугарија и потоа евентуално понатаму на север. Според Паскал, Европа упсеала во голема мера да ја намали зависноста од рускиот гас, по претходната голема криза со прекинот на снабдувањето преку Украина во 2008-2009 година. Така што сега зависи од Русија само за 30 проценти од своите потреби, од кои половината поминува низ Украина. А за натамошно намалување на европската зависност, смета дека ќе биде користењето на други извори на енергенси и увоз на гас од САД или други земји кои се извозници, преку новите терминали кои се во изградба. Меѓу планираните терминали е големиот проект на хрватскиот остров Крк, потоа во Литванија, Грција и други набрзина подготвени идеи. Сепак, Паскал предупредува дека постоечките дозволи за извоз на гас од САД, која се соочува со бум во производството благодарение на техниката на фракирање на карпите, ќе значат дека првите нови количества гас ќе се најдат на пазарот дури во 2015 година, а реалните ефекти ќе се почувствуваат по 2017 година. Покрај снабдувањето на Европа, каде Германија, балтичките републики, Полска, Бугарија и други земји се сериозно зависни од рускиот гас, Паскал смета дека ќе треба да се обезбеди  снабдување на Украина со гас на време за да се спречат тешки економски и социјални последици во зимата која доаѓа, во која оваа земја очекува да се соочи со силен руски притисок. САД и Европската Унија работат на пренасочување на гасоводите кои вообичаено ја снабдуваат Европа преку Украина, во обратно снабдување на Украина со гас увезен од Европа. Клучната линија за снабдување тука е Словачка, при што Вашингтон и Брисел се насочени кон убедување на оваа држава да ги потпише потребните договори за снабдување на Украина.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни