Добивај вести на Viber
Серија земјотреси денеска беа почувствувани во неколку балкански земји. Најпрвин земјотрес со јачина од 4,1 степен по Рихтеровата скала ги потресе Албанија и Црна Гора ноќеска.
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри во Јадранското Море, во територијалните води на Албанија и на 16 километри југоисточно од црногорскиот град Улцињ. Потресот бил почувствуван во повеќе градови во Албанија и во Црна Гора.
Земјотрес денеска ја погоди и Словенија, а истиот бил почувствуван и во делови на Хрватска. Епицентарот на потресот со јачина од 4,6 степени по Рихтер бил на 50-тина километри југозападно од Љубљана.
Овој земјотрес бил исклучително плиток, на длабочина од само два километри, а по него следувале и серија помали потреси.Според првичните информации земјотресот не предизвикал материјална штета.